Стадион Под Тумбе Кафе
Историја на стадионот

Изградбата на познатиот градски стадион во Битола датира уште од далечната 1938 година. Името го добива по својата местоположба, а тоа е во под блискиот ридско планински предел „Тумбе Кафе“. Така станува популарен меѓу народот како „Под Тумбе Кафе“. Со текот на времето е изградена помала трибина на северната страна. Стадионот го доби својот нов лик во 1980 година, кога е пуштена во употреба јужната трибина, реконструиран делот под старата трибина со соблекувални, место за новинари, делегат, судии и вип ложа. Една од поголемите посетености е во март 1991 година на натпреварот од Купот на Југославија против екипата на Хајдук од Сплит.
Во 2013 година од страна на љубителите на фудбалот во Битола е создадена граѓанска иницијатива „Сакаме Стадион во Битола“. Врз основа на „Сакаме Стадион во Битола“ од 2016 започна реконструкција на фудбалскиот терен и трибинскиот простор на северната трибина. Во чест на легендарниот македонски голман „Петар Милошевски“, на 27 декември 2021 година стадионот „Тумбе Кафе“ го добива своето ново официјално име „Петар Милошевски“. Од тука во 2022 година целосно заврши првата фаза на реконструираната северна трибина со поставување на столчиња и се одржа нејзино отварање на 3 декември 2022 година по повод дерби натпреварот од Втората македонска фудбалска лига против екипата на Вардар од Скопје. Фудбалскиот храм „Петар Милошевски“ откако Општина Битола и Фудбалската федерација на Македонија професионално и во потребните рокови го завршија процесот на реновирање и приспособување на стадионот за одигрување на меѓународни натпревари. Стадионот „Петар Милошевски“ ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, што вклучува меѓународни натпревари и на клупско и на репрезентативно ниво.
Во процесот на комплетирање на стадионот поставени се нови столчиња на јужната трибина, целосно е обновена и обложена тартан патеката (просторот меѓу теренот и трибините), службените простории и медија делот се целосно опремени со мебел и потребен инвентар, набавени се нови клупи за резервни фудбалери, уреден е ВИП просторот, а стадионот доби и донација од ФФМ на современ ЛЕД семафор. Дополнително, теренот е обновен со механизација и лица ангажирани од федерацијата, со што е обезбедена максимална подготвеност за претстојниот натпревар. завршната фаза ја оствари во 2024 година, кога доби рефлектори за ноќни натпревари, реконструирана јужна трибина и капацитет од 8.587 гледачи. Во 2025 со комплетниот изглед битолскиот стадион доби лиценца од УЕФА за втора категорија, што му овозможи да биде домаќин на меѓународни натпревари, вклучувајќи квалификации на младински и репрезентативни тимови.
Стадионот „Петар Милошевски“ со добиената лиценца беше домаќин на меѓународниот напревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија до 21 година, со што постигна посетеност од 7495 гледачи.
