Нашиот дванаесетти играч е секогаш верната битолска публика. Но Пелистер не би бил Пелистер доколку ги нема своите верни навивачи ЧКЕМБАРИ, кои се како ветер во грб за својот клуб Пелистер.
Битолската навивачка група која што го носи името Чкембари е основана на 25 септември 1985 година, и се смета за најстара навивачка група во Македонија, која што ги поддржува сите спортски клубови од Битола што го носат името Пелистер.
Белег на создавањето на групата Чкембари е натпреварот за опстанок во Првата Југословенска ракометна лига за мажи помеѓу РК Пелистер и РК Партизан од Бјеловар. Кога од Битола се упатил навивачки караван од 21 автобус, организирани во тоа време под името БМЧМ (Битолчани, Мотокари, Чкембари, Македонци). Подоцна како најприфатливо на битолчани е земено името Чкембари што е синоним на далеку познатата битолска чкембе чорба.
Навивањето во Битола постоело од поодамна на сите спортски манифестации што се одржувале во Битола, но кога станува збор за организирано навивање и бодрење на Пелистер на секоја средба, тоа започнало со појавата на навивачката група кога биле создадени и првите зелено бели транспаренти.
Навивачката група Чкембари е составена од неколку подгрупи кои имаат свои транспаренти, знамиња и своја посебна приказна и најчесто се состојат од навивачи кои се од иста населба. Прва официјална подгрупа на Чкембари била Chaos од населбата Нова Битола, формирана во 1991 година, а се распаднала во 1996 година, а подоцна во 1994 година била формирана подгрупата Extremo Karpos која е активна до денес. Подоцна, во 2005 година биле формирани и сѐ уште активни Green Front од населбата Јени Маале и Ultras од населбата Ушици. Во 2008 година била формирана подгрупата Boys from Centar (BFC) од централното градско подрачје, а во 2010 година формирана е подгрупата од горниот дел на градот Битола и го носи името како и регионот Чкембари Нова Битола, кој и двете групи сеуште се активни на трибините. Во 2013 година се основа и сеуште е активна подгрупата Чкембари Баир од населбата Баир. Во 2014 година една група на помлади Чкембари од сите страни на Битола формира своја подгрупа која го носи името Млади Бригадери. Истата година се формира и подгрупата Чкембари БГО од населбата Горно Оризари. Потоа во 2022 година се формирани две нови подгрупи, едната е подгрупата Чкембари Стив Наумов која што го носи името на славниот херој Стив Наумов, а другата е Баир Бојс која што е формирана од подмлади Чкембари на истоимената населба Баир. Најмлада подгрупа Чкембари Буковски – Зелен Баталјон од исто имената населба Буковски Ливади е формирана 2024 година.
И покрај подгрупите Чкембари секогаш делуваат заедно, моќно со огнена страст кон Пелистер и се секогаш спремни за заштита на зелено белите бои и својот град Битола. Секогаш и секаде го поддржуваат и дават се од себе за Пелистер без разлика на резултатските постигнувања.
Верните Чкембари гостуваат низ сите градови каде што игра фудбалскиот клуб Пелистер, како и на меѓународни гостувања. Најзначајно надвор од границите е гостувањето во 2017 година против екипата на Лех Познан од Поска, кога Чкембари за прв пат заедно го бодрат Пелистер со полските браќа од Белхатуф. Чкембари го имаат најбројно гостување во Македонија, на Македонското „Ел Класико“ помеѓу Вардар и Пелистер на Национална арена „Филип Втори Македонски“ во 2013 година, со неофицијална бројка од околу 1000 навивачи (тргнати со 10 вагони од Битола).
Братства што не ги делат километри. Во светот на фудбалот често владеат ривалства, но постојат приказни и пријателства што докажуваат дека љубовта кон еден клуб може да создаде вистински братства. Пример за вистински братства се братството помеѓу Чкембари и Лозари од Кавадарци, Македонија кое е изградено уште во далечната 1998 година и братството на Чкембари и Торфиорже, од Белхатуф, Полска изградено во 2017 година. Братствата се заосновани на меѓусебна почит, искреност и заеднички вредности. И покрај тоа што навиваат за различни клубови, тие се обединети од иста страст, безусловна љубов кон своите бои, своите градови и својата навивачка чест.
Нивната поврзаност не се мери со резултати, туку со подадена рака, заедничка песна и поддршка во секој момент и на трибина и надвор од неа. Братствата на Чкембари со Лозари и Чкембари со Торфиорже се пример дека навивањето не значи омраза, туку идентитет, традиција и заедништво.
Најголемото ривалство во Македонија помеѓу навивачките групи е Чкембари од Битола и Комити од Скопје. Ривалството започнало сезоната 1989/1990 година на натпревар во Скопје кога дошло до судир помеѓу скопската група и мал број на битолски навивачи. Најголема кулминација е достигната во 1993 година на стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола на „Вечното дерби“ помеѓу Фк Пелистер Битола и Фк Вардар Скопје, кога Чкембарите се упатија во теренот сакајќи да се пресметаат со противничката навивачка група.